Судот во Париз го повика на распит поранешниот шеф на Гвантaнамо поради тортура

Од:

Судот во Париз денеска го повика поранешниот управник на Гвантанамо, Џефри Милер поради обвинувањата за тортура од страна на двајца затвореници, соопшти нивниот адвокат.

Низар Саси и Мурад Банчелали, двајцата француски државјани, уапсени се за време на операција на амаериканската војска во Авганистан, а пороа се префрлени во затворот Гвантанамо на Куба. Тие во Гвантенамо биле од крајот на 2001 до 2004 односно до 2005 година, а потоа беа вратени во Франција.

Истрагата за нивниот случај во Франција почна откако тие поднесоа жалба до судот.

– Со тоа е отворена вратата цивилите и воените претставници кривично да бидат гонети за меѓународните злосторства направени во Гвантанамо, истакна адвокатот Вилијам Бурдон.

Саси и Банчелали го обвинуваат Милер за „авторизиран и систематски план на ортура и лошо однесување кон поединци на кои им е одземена слободата без какво било обвинувања и без основани права на секој притвореник“.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Ослободен е најстариот затвореник од Гвантанамо, маж на 74-годишна возраст

Ана Ололовска

Потенцијалниот 20-ти киднапер во нападите во 2001 година го напушти Гвантанамо

Ана Ололовска

Демократите бараат од Бајден да го затвори Гвантанамо

Катерина Ѓуровски

Бајден го ослободи првиот затвореник од Гвантанамо

Жарко Настоски