Демократите бараат од Бајден да го затвори Гвантанамо

Од:

Демократските застапници во Конгресот вчера го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да го затвори воениот затвор во Гвантанамо и да ги ослободи или процесуира преостанатите затвореници, осомничени за соработка со Ал Каеда.

Со наближувањето на 20 -годишнината од нападите на 11 септември, 75 конгресмени во отвореното писмо го повикаа претседателот да го затвори спорниот затвор, наведувајќи ги како причина превисоките трошоци за негово одржување.

„Во Гвантанамо имаше околу осумстотини затвореници, а сега се само 39, од кои главно постари и беспомошни луѓе“, се истакнува во писмото на американските застапници.

„Според извештаите на медиумите, затворот државата ја чини повеќе од 500 милиони долари годишно, или неверојатни 13 милиони долари по затвореник“, додаваат тие.

Фактот дека затворот се уште не е затворен по 20 години функционирање „ја нарушува нашата репутација во странство и ја ослабува нашата способност да ги заштитиме човековите права и владеењето на правото“, посочуваат конгресмените.

Затворот Гвантанамо во истоимениот залив беше отворен на почетокот на 2002 година за членовите на Ал Каеда одговорни за нападите на 11 септември и нивните помошници.

„Знаеме дека е потребно време да се затвори затворот, но мислиме дека е дојдено време да донесете одлука“, му пишуваат демократите на Џо Бајден.

Пратениците предлагаат на некои затвореници да им се суди во федералните судови, други да се вратат во својата земја, а остантите да се испратат во трети земји од кои ќе се бара да гарантираат дека ќе бидат добро третирани и нема да претставуваат закана за САД.

Би можело да ве интересира

Бајден го ослободи првиот затвореник од Гвантанамо

Жарко Настоски

Бајден го покренува прашањето на затворање на Гвантанамо

Жарко Настоски

„Сименс“ ќе работи на енергетската ефикасност на Гвантанамо

Обвинет поранешен командант на Гвантанамо

Наум Локоски

ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

Ана Ололовска

Пентагон ќе префрли десетици затвореници од Гвантанамо во други земји

Ана Ололовска