Судот во Бразил побара истрага против тројца конгресмени, сојузници на Болсонаро

Од:

Федералниот суд на Бразил побара истрага против тројца конгресмени, сојузници на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, за наводно поттикнување бунт, кога приврзаниците на поранешниот претседател упаднаа во претседателската палата, Врховниот суд и Конгресот во главниот град Бразилија.

Повикот за истрага дојде откако новиот претседател Лула да Силва подготви безбедносни мерки против протестите.

Демонстрантите упаднаа во три водечки државни институции во неделата, незадоволни што веруваат дека нивниот кандидат, Болсонаро, бил ограбен на изборите во октомври.

Полицијата соопшти дека 1.159 лица уапсени за немирите во неделата останале во притвор, додека 684 биле ослободени на „хуманитарна основа“ откако биле приведени, вклучително и постари лица, лица со здравствени проблеми и родители со мали деца.

Организаторите на антивладините демонстрации во изминатите недели на социјалните мрежи повикаа на блокада на патиштата и рафинериите, да ги урнат електричните водови и да направат доволно хаос за да предизвикаат воен удар со цел поништување на изборите што Болсонаро ги загуби од Лула минатиот октомври.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски