Судири во Бангладеш заради судењата на опозициски лидери

Од:

Најмалку 40 исламистички активисти во Бангладеш се уапсени, а едно лице загина во судирите со полицијата, откако нивната Исламистичка партија за денеска повика на генерален штрајк протестирајќи заради судењата на некои нивни лидери кои се обвинети за воени злосторства, наведе полицијата.

Припадник на студентското крило на исламистичката Џамата партија вчера беше убиен во судирите на 370 километри северно од Дака, наведе полицијата.

Демонстрантите се поврзани низ цел Бангладеш и нивните млади сили се исправени пред речиси 8.000 полицајци, кои се разместени во главниот град за да излезат на крај со штрајкот, наведуваат полицијата и локалните медиуми.

Полицијата приведе 43 активисти за време на судирите во главниот град и неколку дистрикти низ земјата, пренесе приватниот ТВ канал АТН Бангал.

Многу училишта денеска се затворени, а сообраќајот во и онака преоптоварената Дака е редок, иако меѓуградскиот превоз се уште е оперативен.

-Демонстраните палат возила и автомобилски гупи и покажуваат други акти на вандализам, наведе полицискиот офицер Омар Фарук.Најголемата опозициска партија во Бангладеш, Националистичката партија на поранешниот премиер Калед Зиа, наведува дека актуелните судења од Меѓународниот кривичен суд се политички мотивирани.

Владината колаиција на премиерот Шеик Хасин во 2010 година го основа Трибуналот за да ги истражи обвинувањата за воени злосторства сторени за време на војната за независност во 1971 година против Западен Пакистан, по што неколку партиски лидери беа уапсени.

Тие се обвиенти за криминал против хуманоста, силувања, геноцид, убиства и подметнувања пожари за време на граѓанската војна , што ја предизвика смртта на речиси три милиони луѓе, а околу 40 милиони беа раселени.

Многумина од овие политички лидери се политилки противници на премиерот Шаик Хасан, чија владина коалиција на крајот од овој месец ги очекува пресудите.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон

Ана Ололовска