Судири при социјалните протести во Италија

Од:

Неколку луѓе меѓу кои и полицајци се поврдени во Падова во социјални протести против политиката на италијанската Влада кои прераснаа во улични немири, јавија италијански медиуми.

Меѓу повредените е и началникот на локалната полиција. Околу 500 луѓе активисти на така наречените социјални центри се обидоа да упаднат во централата на владејачката Демократска партија во градот. Кога полицијата се обиде да ги спречи, почнаа судири.

Безредија имаше и на социјалниот протест во Рим. Учесниците во протестот фрлаа петарди и јајца врз зградата на Министерството за економија во центарот на градот.

Има извештаи за судири и во Милано каде се одржуваат протести на синдикални групи.

Блокикрано беше движењето и низ Џенова поради протести.

Активисти во Неапол затворија за сообраќај една од главните улици.

Три протести се одржуваат и во Фиренца.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага