Судири на демонстрантите и полицијата пред судот во Александрија

Од:

Повеќе десетици луѓе протестираа денеска пред судот во Александрија, каде што им се суди на поранешниот локален шеф на безбедноста и на други официјални лица за убиство на демонстранти во бунтот во 2011-та година, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Демонстрантите, меѓу кои беа и роднини на загинатите во протестите во Александрија и активисти за човекови права, фрлаа камења, а полицијата одговори со солзавец.

Најмалку тројца  демонстранти и тројца полицајци се здобиле со повреди од камења и вдишување солзавец, според зборовите на очевидци и медиумски извештаи. 

Судирите повторно избувнаа кога судијата му забрани на обвинителството да повикува сведоци. 

Египет следната недела ја одбележува втората годишнина од почетокот на протестите со кои е соборен претседателот Хосни Мубарак. 

Поранешениот директор на безбедносната служба во Александрија, Мохамед Ибрахим уште со пет полициски службеници се обвинети за употреба на прекумерна сила во сузбивањето на 18-дневните демонстрации. 

Од околу 900 луѓе кои загинаа за време на бунтот пред две години, околу 300, наводно, се убиени во Александрија. 

Во текот на изминатите две години, илјадници луѓе протестираа во Александрија и во другите египетски градови барајќи одмазда за убиените во судирите со силите за безбедност. 

Роднините на жртвите велат дека немаат доверба во судството и полицијата, за кои веруваат дека се корумпирани и лојални на поранешниот режим. 

По падот на режимот на Мубарак, на 11 февруари 2011 година, речиси 100 полицајци беа изведени на суд под обвинение за убиство и ранување на демонстрантите. 

Сите, меѓутоа, беа ослободени или добија условни казни.

Мубарак и поранешниот министер за внатрешни работи се осудени на доживотен затвор, затоа што не го спречиле убивањето, но Касациониот Суд овој месец нареди ново судење.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски