Судири меѓу демонстранти и полицијата на Корзика

Од:

Околу 30 лица се полесно повредени во главниот град на францускиот остров Корзика, Бастија, при судири меѓу полицијата и учесниците во демонстрациите против новата одлука на локалното Собрание за стекнувањето права за купување имот.

Според француските медиуми, до судирите дошло кога околу 50 лица кои учествувале во протестот се поделиле во две групи и почнале да фрлаат со камења и молотови коктели кон полицајците што го обезбедувале собирот, кои возвратиле со солзавец.

Протестот е организиран поради незадоволство од одлуката на Собранието на Корзика со која на право на купување недвижен имот имаат лица кои најмалку пет години ќе живеат на островот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески