Судењето на Берлускони одложено за по изборите

Од:

Судењето на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за плаќање на малолетнички за сексуални услуги ќе биде одложено додека не поминат парламентарните избори, кои се одржуваат овој месец, поради неговите обврски во предизборната кампања, одлучи денеска судод во Милано.

Следното  рочиште на судскиот процес против Берлускони ќе биде одржано на 4 март, една недела по изборите кои се одржуваат на 24 и 25 февруари.

Судот во Милано го прифати аргументот на правниот тим на Берлускони дека неговата политичка кампања претставува легитимна пречка за присуствување на судењето.

Против Силвио Берлускони, кој е лидер на партијата Народ на слободата, се водат и други судски постапки поради затајување данок и други кривични дела, кои исто така ќе бидат одложени до март.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески