Судан делумно ја затвори границата со Етиопија

Од:

По ескалацијата на судирите во регионот Тиграј, Судан делумно ја затвори границата со Етиопија.

Судан ја затвори границата со етиописките региони Тиграк и Амхара откако премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед во средата покрена воена операција како одговор, според него, на нападот на локалните власти врз сојузните трупи.

Владата на Судан ги предупреди граѓаните кои живеат во близина на границата да бидат внимателни поради судирите во соседната држава.

Во областите на Судан во близина на Етиопија сега е сезона на жетва и какви биле безбедносни тензии би можеле сериозно да им наштетат на земјоделците и нивните посеви.

Етиопиското воено воздухопловство вчера бомбардираше магацини со оружје и уништи тешка артилерија во регионот Тиграј. Ахмед синоќа изјави дека владините сили извршиле воздушни напади врз силите во регионот Тиграј на повеќе локации. Тој истакна дека тоа е само „прва рунда“ од операцијата против силите на Ослободителниот фронт на народот на Тиграј (ТПЛФ), и оти нападите ќе продолжат „додека хунтата не одговара пред законот“.

Горниот дом на Парламентот на Етиопија денеска изгласа воспоставување на преодна администрација во регионот Тиграј. Со тоа Домот на федерациите создава можност за отстранување на раководството во северниот регион Тиграј, кое за сојузната Влада на Етиопија е незаконско.

Тигрејците се пет отсто од целокупното населени на Етиопија, но имаат значително влијание во земјата. ТПЛФ доминира во политиката и со силите за безбедност од 1991 до 2018 година, кога е избран Ахмед.

Ахмед минатата година ја доби Нобеловатанаграда за мир поради демократските реформи и мировниот договорот со соседна Еритреја.

Експертите ставуваат дека во Етиопија може да избие граѓанска војна, што не само што ќе го загрози економскиот развој на земјата, туку може да го дестабилизира целиот Рог на Африка, стратешки регион, кој е еден од најтурбулентните делови од светот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска