Студија: Светската популација забрзано старее

Од:

 Светската популација забрзано старее, а поголем дел од земјите не се подготвени да се справат со се поголемиот број стари луѓе, покажува најновата студија на Фондот за население на ОН (УНФПА).

Во студијата која УНФПА ја изработи заедно со група за заштита на правата на старите лица „Хелп ејџ интернешенел“ (HelpAge International), оценуван е социјалниот и економски статус на старите лица во 91 земја.

Утврдено е дека старите лица најдобро живеат во Шведска, а најлошо во Авганистан.

Се укажува дека државите не работат доволно брзо за да се соочат со се побрзото стареење на популацијата.

До 2050 година луѓето постари од 60 години ќе го надминат бројот на помлади од 15 години, и тоа првпат во историјата.

Во студијата се анализирани приходите, здравјето, образованието, вработеноста и опкружувањето на луѓето на различна возраст во секоја земја.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство