Студентска журка на угледен универзитет во Бриж предизвика гнев во Белгија

Од:

Студентите од реномираниот Европски Колеџ во Бриж организирале масовна журка на која се прекршени препораките за борба против коронавирусот, со што предизвикаа гнев во земјата и страв дека потегот би можел да ја разгори епидемијата. 

Политичките партии и медицинските лица изминатиот викенд силно ја критикуваа недозволената журка организирана на плоштад во Брисел, но овој пат гневот е дотолку поголем кај населението што станува збор за идните “елити“ на ЕУ институциите.

Европскиот Колеџ во Бриж важи за една од најексклузивните образовни установи, чии дипломци најчесто се вработуваат на високи позиции во ЕУ-институциите или во националните влади.

„Идната европска елита не ги почитува мерките, а за време на прославата се прекршени сите мерки против ширењето на вирусот. Полицајците кои интервенираа беа предмет на навреди,“ стои во соопштението на локалната полиција во Бриж.

Повеќе стотици студенти се собрале на кампусот, а ситуацијата излегла од контрола, по што била повикана полицијата.

„Загрижувачки е што дипломирани од Европскиот Колеџ кои еден ден ќе бидат на врвот на политиката, администрацијата и дипломатијата во Европа се однесуваат на ваков неприфатлив и арогантен начин, изјави Дирк Ван Нифел од полицијата во Бриж и додаде дека “младите Европејци во Бриж треба да бидат збогатување за градот, но тоа сѐ помалку и помалку е случај,“ пренесува дневниот весник Ле Соар.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски