Студентите на „Харвард“ препишуваат

Од:

Американскиот Универзитет „Харвард“ изрече академски санкции на десетина студенти, поради измама на завршниот испит.

Според Универзитетот, вмешани се над 125 студенти, а истрагата е започната од минатата година, кога еден од асистентите утврдил дека студентите меѓусебно си ги делат одговорите.

Деканот на факултетот за ументост и наука, Мајкл Д. Смит изјавил дека Одборот за академски интегритет ги решил сите случаи од истрагата.

Тој додал дека повеќето од студентите се испишани од факултетот, додека на останатите им е изречена дисциплинска казна. Само четвртина од нив, не биле вмешани во случајот.

Еден од основачите на Универзитетот и негов дипломец, Томас Стемберг, чиј син е студент на истоимениот факултет ја критикувал истрагата.

– Доколку истрагата се спроведува во целиот Универзитет и правниот факултет, процесот ќе биде многу долг, ќе чини многу, но и ќе ги посрамоти студентите кои што не се вклучени во измамата. Тоа не може да се надомести, изјави Стемберг.

Исто така во писмото кое што го напишал до претседателот на „Харвард“, Стемберг навел дека барем еден од професорите ги поттикнал студентите на „отворена соработка“, на испит на кој тестовите може да се однесат дома.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска