Студенти-сепаратисти го окупираа Универзитетот во Барселона

Од:

Неколку стотици студенти, поддржувачи на идејата за независоност на Каталонија од Шпанија, од синоќа го држат „под окупација“ Универзитетот во Барселона.

Претставник на студентите изјави дека тие се решиле на ваквиот чекор во знак на протест поради обидите на шпанската Влада да го спречи одржувањето на референдумот за независонста на Каталонија, најавен за 1 октомври.

– Покажавме дека како студенти и ние имаме важна улога и засега остануваме таму каде што сме- изјави студентскиот претставник Жорди Вивес.

Шпанскиот Уставен суд донесе одлука за одлагање на референдумот, се додека не се изјасни по иницијативата на шпанската Влада за оценка на неговата уставност. Но, и покрај ваквата судска одлука, регионалните власти на Каталонија соопштија дека не се откажуваат од плановите за одржување на референдумот на 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски