Строгите мерки во Англија го ограничија ширењето на Ковид-19

Од:

Бројот на инфекции од коронавирус во Англија се намали за две третини во периодот меѓу средината на јануари и средината на февруари, според нова студија на Лондонскиот империјал колеџ и Ипсос МОРИ, објави Политико.

Прелиминарните резултати покажуваат дека 0,51 отсто (или едно од 196 лица) биле позитивни на коронавирус меѓу 4 и 13 февруари. Повеќе од 85.400 волонтери во Англија учествуваа во истражувањето.

Претходното истражување спроведено меѓу 6 и 22 јануари покажа дека позитивните случаи се 1,57 отсто (или едно од 63 лица).

Бидејќи падот на инфекциите е сличен кај сите возрасни групи, се чини дека блокадата, а не вакцинацијата, е причина за намалувањето, и според експертите, наодите укажуваат на тоа дека рестриктивните мерки во Англија помогнале да се намали ширењето на коронавирусот.

Бројот на заразени се намали во секој регион на Англија, но има повеќе случаи на коронавирус кај поголеми домаќинства кои живеат во сиромашни квартови или области со висок процент на Азијци.

Би можело да ве интересира

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Објавен извештајот за „партигејт“

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Џонсон ќе одговара на полициски прашања за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Катерина Ѓуровски

Две третини од заразените со омикрон во Британија веќе прележале коронавирус

Катерина Ѓуровски