Страв од исламизација се шири низ Источна Европа

Од:

Независимаја газета – Москва

На прометни места во чешката престолнина, на 12 август се појавија скулптури на жени со хиџаби, каменувани до смрт. На табли стоеше објаснување: „Го изневерила својот сопруг“, „Забременила при силување“, и тн., соопшти Радио Прага.

– Акцијата има за цел да потсети на исламското варварство и насилство кон жените, затоа што исламот брзо навлегува кај нас и должни сме да им ги отвориме очите на луѓето за сета опасност која доаѓа со тоа, рече Артур Фишер, прес секретар на здружението Не сакаме ислам во Чешка, која го организираше тој перформанс.

Претходно – на фудбалски меч во Прага на 1 август фанови на клубот Јаблонец од истоимениот град, на трибините растегнаа огромен транспарент на која Европа беше претставена како жена воин – валкира со штит и копје, која прободува дива свиња облечена во ориентален халат и чалма, а од копитата на свињата испаѓа книга со наслов Коран.

Така доаѓаат до израз антиемигрантските и антимуслиманските движења, кои се засилија во Источна Европа по барањето од Европската комисија во мај дека земјите од ЕУ треба да си ги поделат 40-те илјади натрупани во Италија и Грција бегалци од Сирија и Северна Африка.

Бројката за поранешната Чехословачка на прв поглед не е којзнае колкава – 1328 души за Чешка и 785 за Словачка. Но ќе дојдат и други емигранти – ЕК веќе ја повикаа Чешка да прифати уште 525 души од бегалски кампови надвор од Европа.

Мнозина жители на Источна Европа панично стравуваат оддалечените градски квартовци да не прераснат во резервати со компактни маси дојденци од муслимански држави. Слични стравови предизвикаа во 2013 и 2014 масовни демонстрации во источната германска провинција Саксонија (прво во планинските региони, а потоа и во локалната престолнина Дрезден). Така во Германија се појави масовното движење Патриотски европејци против исламизацијата на Западот (Пегида).

Уште со првиот протестен настан во словачката престолнина Братислава на 20 јуни оваа година, се повторија успесите на Пегида откако според официјални податоци се собраа осум илјади души, а според оргаизаторите дури 14 илјади. Фоторепотажи го откриват основното јадро на ова движење – на локални националисти, чии амблеми личат на оние на тениските и фудбалските фанови, им се приклучуваат и обични граѓани. На плакати и транспаренти се гледаат разурнати џамии и се читаат пораки: „Мулстикултурализмот е геноцид“, „Сопрете со емиграцијата“, „Словачка не е Африка!, „Нашите претци пролевале крв за словените, а не за африканци и муслимани“, и тн.

Организатор беше Народната партија-Наша Словачка, на челот со Мариан Котлеба, учител по информатика во Банска Бистрица, кој во 2005 година оформи ултрадесно движење Словачко братство-Национална партија, која за цел си постави „да изгради нова словачка држава на основа на национални, христијански и социјални принципи“.

Дејноста на движењето и црните униформи на учесниците се копирани од Гардата на Глинка – борците на фашистичката Словачка народна партија (1938-1945 г.) и предизвикаа сомнеж кај органите на редот кои во 2006 тоа го заранија. Во 2010 година, Котлеба ја основа поумерената Народна партија-Наша Словачка, а за нејзин лозунг го прогласи „За Бога, за Народот“, и во номеври 2013 година победи на гувернерските избори во округот Банска Бистрица. Ќе посочиме дека во вториот изборен круг, кога националистот освои 55,5 отсто од гласовите, учествуваа едвај 17,29 проценти од локалните избирачи.

На 11 јули годинава во Жилина, центарот на истоимениот округ во северозападна Словачка, партијата на Котлеба организираше уште еден митинг против емигрантите, на кои според нивни податоци се собрале околу две илјади души. На 8 август, Народна Партија-Наша Словачка, заедно со крајнодесничарската чешка Работничка партија за социјална правда, организираа митинг на Староместкиот плоштад во ценарот на Прага, на кој се обединија неколку дестици илјади активисти под лозунгот „Сопрете со емиграцијата!“.

Чесите гледаат да не заостануваат зад своите источни соседи. Околу 700 души пееја „Поддршката на муслиманската емиграција не е хуманизам, туку менување на државата“, и „Стоп за исламот“, учествуваа на 26 јуни на митинг против прифаќањето на емигранти во вториот по големина град Брно.

На 30 јуни, на сличен по посетеност митинг во центарот на Прага организатори беа движењата Не сакаме ислам во Чешка и Блок против исламот. Како што изјави Марек Чернох, учесник на настанот и пратеник од движењето Зора за директна демократија во чешкиот парламент, „доброволната согласност на владата да прима мигранти е измама кон чешките граѓани“.

Зора за директна демократија излезе на парламентарните избори во 2013 година со антиемигранстки лозунзи и доби 6,88 отсто од гласовите, или 14 пратенички места. Во февруари годинава, 10 нејзини пратеници на чело со Чернох изјавија дека имаат желба за соработка со францускиот Национален фронт на Марин Лепен.

Протокот на муслимански емигранти буди стравови и кај десните политичари во балтичките земји. На 18 јули во центарот на Талин, а на 4 август пред зградата на владата во Рига, се одржаа протестни митизни (но не многу посетени) против европските квоти. Настанот во Латвија беше организиран од деснорадикалната организација Татковинска гарда, заедно со десната партија Национално обединување Се за Латвија! – Татковина и слобода/Движење за национална независност на Латвија. Акцијата мина под пораката „Не за геноцид над белата раса“, и „Балтикот на балтиците, Европа на европејците, Африка на африканците“.

Негативниот став е карактеритичен и за политчари, и е неспорно е вграден во системот. Естонскиот министер за социјала, Маргус Тсакхна, сопопшти дека на 10 август министерството предложило министерството за правосусдтсво да размисли за евентуална забрана муслиманките кои дошле во земјата да носат фереџиња на јавни места, како што го направија тоа во 2010 година Франција и Италија, по барањето на локални десни партии. А на 13 август, шефот на комисијата за национална безбедност и одбрана во литванскиот парламент, Артурас Паулаускас, ја лансираше идејата превентивно со закон да се забранат на јавни места покривките со кои го кријат лицето жените муслиманки.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски