Странските оџи да ја напуштат Австрија

Од:

Австриската Влада усвои нацрт-закон за исламот, со кој треба да делува против ширењето на омраза и радикализација.

Забраната за финансирање оџи и џамии од странство е главен дел на новиот Закон за ислам.

Бидејќи новиот закон забранува делување на оџи кои се платени од странство, околу 65 исламски проповедници, кои ги плаќа турската влада, ќе мора до крајот на идната година да ја напуштат Австрија.

Министерот за надворешни работи Себастијан Курц и министерот без ресор Јозеф Остермаер не го прифатија барањето на Исламската верска заедница во Австрија да се воведе преоден рок од 15 години, туку останаа на тоа проблемот на странските оџи и финансирањето од странство да се реши до крајот на идната година.

Исто така, нацрт-законот, предвидува сите здруженија и клубови кои имаат и верски делувања во иднина да мора да работат под официјални верски друштва како што е Исламската заедница во Австрија, или Алевитската заедница.

Законот исто така јасно подвлекува дека законите на државата имаат предност на верските правила. Законот предвидува и проповедите да се држат на германски јазик.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски