Стотици затруени при истекување на токсичен концентрат од рудник во Перу

Од:

Над сто лица се затруени при истекување на токсичен концентрат на аресник и олово од еден рудник во Перу.

Локалните власти соопштија дека затруените лица се жители на селото Санта Роса де Кахакај, кои се обидувале да го спречат токсичниот концентрат да се слее во блиската река.

Властите ја обвинија компанијата сопственик на рудникот „Антамина“ дека на затруените лица при акцијата за спречување на дотекот на токсичниот концентрат. им поделила само апсропциски крпи, но не и гас маски и заштини ракавици.

Неколку часа по истекувањето на токсинот, затруените почнале да повраќаат, да чувствуваат главоболики, а кај некои имало и појави на течење на крв од носот.

Локалниот управник на селото Хиларио Моран информира дека оваа најверојатно нема да е конечниот биланс на затруени, бидејќи постојано се јавуваат нови лица со симптоми на турење.

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска