Стотици Кинези евакуирани поради пукнатина на земјиното тло

Од:

Речиси 900 жители од четири села во Југозападна Кина се евакуирани поради вдлабнување на земјината површина.

Пукнатината е длабока 1,5 метар, а широка 2,5 метри и се отворила пред едно основно училиште во провинцијата Џанкси. Поради страв од ширење на пукнатината, четири села од синоќа се евакуирани, а државата им обезбедила на селаните храна и вода.

Вдлабнувањето предизвикало рушење на една зграда, додека шест други објекти се искривиле при отварањето на пукнатината. Жртви не се пријавени, а научниците испитуваат што е причина за настанување на процепот.

Би можело да ве интересира

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина