Стотици илјади муслимани денеска се собраа во долината Мина во близина на Мека, за да учествуваат во симболичното каменување на ѓаволот, последната етапа од аџилакот во Саудиска Арабија.
Муслиманите ширум светот денеска го одбележуваат првиот ден од Курбан бајрам, еден од двата најголеми празници, аџиите облечени во ихрам, дводелна бела ткаенина, фрлаа камчиња врз камените столбови што го претставуваат ѓаволот.
Околу 1,5 милиони аџии, речиси двојно помалку од минатата година кога беа 3,2 милиони, се во долината Мека. Околу 1,38 милиони аџии од 188 држави го почнаа ритуалот на каменување утрово, што треба да продолжи до петок, но верниците можат да го завршат еден ден порано.