Стотици христијани минаа по Исусовиот пат во Ерусалим

Од:

Ститици христијански верници минаа денеска во процесија по Патот на страдањето (Via Dolorosa) во Ерусалим, на кој според христијанското верување минал Исус носејќи го крстот.

Тие одбележувајќи го Велики петок на секој од 14 места каде застанувал Исус, изговараа молитви се до црквата на Христовиот гроб подигната на местото каде бил распнат, погребан и воскреснал.

Одбележувањето на Велики петок ден кога Исус бил распнат, почна со утринска миса во Црквата на Христовиот гроб. Подоцна свештеници служеа миса во Црквата на Христовото раѓање во Витлеем на Западниот брег.

Христијаните веруваат дека Исус воскреснал во недела и римокатолиците и протестантите кои го почитуваат Грегоријанскиот календар ќе го слават Великден на 31 март. Православните христијани по стариот Јулијански календар ќе го одбележат Воскресението христово во мај. Израелското Минситерствот за туризам очекува околу 150.000 посетители во Израел в недела кога се совпаѓаат Великден и еврејскиот празник Пасха.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска