Столтенберг: Руските воени авиони над Европа се закана за комерцијалните летови

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека нејзините воени авиони, испратени во мисии за набљудување и шпионирање над Европа, претставуваат закана за безбедноста на комерцијалните летови.

Во интервју за лондонски „Дејли Телеграф“ Столтенберг вели дека овие руски авиони летаат без да стапат во контакт со контролата на летањето на земјата.

– Руските бомбардери и шпионски авиони остануваат во меѓународниот воздушен простор, но тие ги игнорираат безбедносните процедури кои се создадени за да се намали ризикот од судар меѓу цивилните авиони, појасни генералниот секретар на НАТО.

Тој тврди дека руските воени пилоти „намерно ги исклучуваат транспортерите, што постојат за авионите да можат меѓусебно се откриваат“.

Според НАТО во текот на оваа година ловците на Алијансата имаат пресретнато руски воени авиони над 100 пати, што е повеќе од три пати, во споредба со ваквите инциденти во 2013 година, кога се регистрирани само 30 „блиски средби“ на руски и НАТО авиони.

– Не е незаконски,да се лета во меѓународниот воздушен простор со воени авиони, но не е во ред тоа да се прави без комуникација со земската контрола„ изјави Столтенберг.

Во разговорот за проконзервативниот лондонски весник генералниот секретар на НАТО ја обвинува официјална Москва и за тоа што праќа авиони кои летаат покрај границите на земјите-членки на Алијансата, но не споменува дека од избувнувањето на украинската криза, авиони на НАТО почнаа да летаат покрај самата руска граница, контролирајќи го движењето на руските воени сили. Русија  веднаш потоа навести дека таа ќе ја примени истата постапка кон соседите, кои се дел од Алијансата во „интерес на сопствената безбедност“.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата