Столтенберг: Русија трупа оружје на границата со Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО соопшти за значително трупање руско оружје на границата со Украина. Тоа според него ќе придонесе проруските сепаратисти да преземат нова офанзива.

Јенс Столтенберг изјави дека Русија значително ги засилила испораките за бунтовниците и покрај примирјето ги снабдува со воена опрема и беспилотни летала.

Тој додаде дека таквата руска активност го нарушува договорот од Минск.

Според него, над илјада единици руска опрема меѓу кои и тенкови се испратени таму во изминатиот месец. Генералниот секретар на НАТО смета дека тоа дава основа за „голема загриженост“ и им овозможува на сепаратистите да преземат нова офанзива.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста