Столтенберг: Русија ги нарушува границите на своите соседи, особено на Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Русија ги нарушува границите на соседните земји и посебно на Украина, соопшти денеска францускиот весник „Фигаро“.

-Русија ги нарушува нормите на меѓународното право и границите на своите соседи, рече Столтенберг во интервју за весникот.

Според генералниот секретар на НАТО, Русија ги поддржува
сепаратистите во источна Украина преку „значително зголемување
на испораките на тешко вооружување, тенкови, ракетни лансири, модерни системи за противвоздушна одбрана, без да ги споменуваме воедните единици“.

-Некои видови воена опрема се толку модерни, како вооопшто да не биле во арсеналите на бунтовниците, истакнува Столтенберг.

Во последните месеци претставници на руското раководство и на Министерството за одбрана повеќе пати изјавуваа дека во Донбас нема руски војници, наведуваат руските медиуми.

Столтенберг во интервјуто признава дека во „моментов Алијансата не
регистрира присуство на редовни единици на руската армија во
југоисточна Украина“, прецизира ТАСС.

-Кризата во источна Украина не може да се реши со воена сила, затоа северноатлантскиот сојуз нема намера да се меша во неа, забележа шефот на НАТО.

НАТО нема намера да и испорачува оружје на Украина, зошто Пактот сам по себе не располага со такво, посочува Столтенберг за „Фигаро“, цитиран од рускиот сајт russian.rt.com.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата