Столтенберг: Нема закани за членките на НАТО кои се блиски со Русија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не гледа „непосредни закани“ за нејзините членки, кои имаат блиски односи со Русија.

– Гледаме една Русија која се обидува да ги заплаши своите соседи со насилна промена на границите, истакна Столтенберг за време на својата посета на Букурешт.

Тој нагласи дека „НАТО не бара конфронтација со никого и сака да гарантира безбедност за своите членки на исток и југ“.

Столтенберг денеска планира да го посети Центарот за интегрирање на силите на НАТО во Букурешт, кој е идентичен на оние кои ќе бидат отворени во Полска, Бугарија, Естонија, Литванија и Летонија.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата