Столтенберг: НАТО пред самитот ќе одлучи дали ќе се присоедини кон коалицијата против ИД

Од:

НАТО пред средбата на врвот во Брисел, на 25 мај ќе одлучи дали ќе се приклучи кон воената коалицијата што војува против терористичката организација Исламска држава, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, јави ДПА.

Тој наведе и дека на самитот на НАТО ќе се разгледаат и распределбата на расходите и борбата со тероризмот.

– Распределбата на расходите не е поврзана само со пари, тоа е придонес кон способностите на Алијансата, кон мисиите и операциите, нагласи Столтенберг, дополнувајќи дека Германија има клучен придонес во тој аспект.

Тој напомена дека Германија го зголемила буџетот за одбраната и посочи дека Алијансата го поздравува тоа.

На истата прес-конференција со Столтенберг, Меркел изјави дека Германија ќе продолжи да ја предводи мисијата за обука на НАТО во северен Авганистан.

Таа дополни дека Германија не се стреми да го зголеми присуството во таа земја.

– Не мислам дека ние први ќе го прошириме капацитетот таму. Уште поважно е да се увериме дека стабилноста е загарантирана во северниот дел на Авганистан, нагласи Меркел.

Таа потенцираше дека ако НАТО одлучи да се вклучи во коалцијата против ИД, Германија не планира да го рашири своето учество во операцијата.

– Дури и да биде донесена таква одлука, тоа нема да значи дека воените акотивности кои сега ги остварува Германија, ќе бидат зголемени, објасни Меркел.

Таа дополни дека ситуацијата со безбедноста се променила и тероризмот се претворил во секојдневна закана, што постојано ја следи Европа.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата