Столтенберг: НАТО не е надлежен за формирање на косовската армија

Од:

Формирањето на косовската армија е во надлежност на Приштина, а не на Брисел, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во посета на Косово.

– Локалните политичари треба да решат како во иднина ќе се развиваат Безбедносните сили на Косово, а не НАТО, одговори Столтенберг во Приштина, запрашан околу плановите за формирање на косовска армија, на што се противат српските власти и политичките претставници на косовските Срби.

Во врска со зајакнувањето на верскиот екстремизам во Европа, Столтенберг оцени дека последните напади во Париз биле „многу сериозни“ настани, бидејќи тие, според него, претставуваат „напади врз невини луѓе, врз слободата на печатот и врз слободата на изразување“.

– Ние сме Алијанса која е создадена за да ги штити отворените и демократски општетства. Поради тоа ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите задачи и да се бориме против тероризмот, изјави првиот човек на НАТО.

Денешната посета на Приштина Столтенберг ја започна со средба со командантот на силите на НАТО во Косово (КФОР), при што нагласи дека тие постигнале значителни резултати во гарантирањето на безбедноста на Косово.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата