Столтенберг: НАТО не бара конфликт со Русија, но ги зајакнува баталјоните во Источна Европа

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека Алијанската не бара конфликт со Русија со тоа што ги зајакнува баталјоните во Источна Европа.

Столтенберг тоа го посочи на заедничката прес-конференција во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Ние ја зајакнуваме нашата колективна одбрана, не со цел да провоцираме конфликт, туку да спречиме, рече генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг додаде дека „не сме во нова Студена војна“.

– Ние не сакаме конфликти со Русија. Напротив, се бориме за констртуктивни односи со Русија, наведе тој. 

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата