Столтенберг: НАТО ќе ја признаe одлуката на Украина за приклучување

Од:

НАТО ќе ја признае како одлуката на Украина да се приклучи кон Алијансата, така и одлуката да не се приклучи кон неа, изјави денеска по седницата на Комисијата НАТО-Украина во Брисел генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Украина е суверена земја и нејзиното право да избира воени сојузи е дел од нејзиниот суверенитет. Претходно Украина донесе одлука да го задржи неутралниот статус. Ако го измени тоа решение, тоа ќе биде решение на украинскиот народ, изјави Столтенберг.

Столтенберг, исто така, ја објави денеска донесената одлука на НАТО за активирање на пет фондови за поддршка на воената реформа во Украина. Одлуката за создавање на овие фондови е донесена на самитот во Велс на 4-5 септември.

Фондовите се наменети за финансирање на реформирање и модернизација на армијата во четири сектори: логистика, команда и контрола, киберодбрана и воена медицина, истакна шефор на Алијансата, а денеска е воведен и петти сектор за рехабилитација на повредени војници.

Вкупната сума на овие фондови не надминува 4,5 милиони евра, соопшти по седницата на советот постојаниот претставник на Украина во алијансата Игор Долгов.

Столтенберг, исто така, нагласи дека Киев ги исполнува обврските од договорот од Минск, за разлика од Русија и сепаратистите во Источна Украина.

НАТО ќе го зголеми присуството на своите експерти во Киев. Земјите членки на Алијансата ќе продолжат да обезбедуваат експертска помош на Украина при извршување на целосната рефрма на нејзиниот сектор за безбедност и одбрана, се наведува во документот објавен по средбата.

Украина, исто така, барала од НАТО да продолжи да и доставува воена опрема, од што земјата има потреба. – Ние сме благодарни за помошта, што Украина ја добива од НАТО и од земјите членки по почетокот на конфликотот, изјави Долгов.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата