Столтенберг: НАТО и Русија имаат длабоки несогласувања, тоа останува непроменето

Од:

НАТО и Русија имаат длабоки несогласувања, и тоа останува непроменето, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на првата седница по 2014 година на Советот НАТО-Русија.

– НАТО и Русија имаат многу различни ставови, но се сослушавме. Не сакаме да водиме војна туку да ја спречиме, нагласи Столтенберг, додавајќи дека не е договорен датум за следна седница, но оти очекува да има нови средби.

Тоа беше прва средба по руската анексијата на Крим кон Украина.

– Сите денеска се согласивме за потребата за брза и целосна примена на договорот од Минск, а Русија има посебна одговорност за тоа прашање. Имаме различни ставови за фактите и одговорностите за настаните во Украина. Во НАТО не сме согласни дека тоа е граѓанска војна – Русија ја дестабилизира источна Украина со поддршката за сепаратистите и со доставувањето на оружје. Руската агресија доведе до сегашната состојба во нашите односи. НАТО цврсто го поддржува украинскиот суверенитет и територијалната целост, не го признаваме незаконското присоединување на Крим. Заострените воени акции во источна Украина алармираат,  посочи Столтенберг.

Тој додаде дека Алијансата не може да се врати кон вообичаените односи се додека Москва не го почитува меѓународното право.

Генералниот секретар на Алијансата наведе и дека на Советот е договорено воведување на заеднички правила за набљудување на воените вежби.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата