Столтенберг: НАТО е во ерата на руски закани, тероризам и хакери

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг изјави дека престојниот самит во Варшава доаѓа во „критичен момент“ кога Алијансата се соочува со руски агресивен пристап, опасноста од тероризам и другите предизвици. 

Столтенберг изјавата ја даде по разговорот со полскиот министер за одбрана Антонио Мачеревич, кој нагласи дека зголеменото присуство на НАТО во Европа значи зголемено чувство на безбедност кај Полјаците. 

На самитот, што е закажан за 8 и 9 јули, ќе се одлучува за тоа колку дополнителни трупи на НАТО треба да се испратат на исток и како тие да се распоредат, јави Танјуг. 

Столтенберг истакна дека самитот се оддржува во време на „руско заплашување на соседите“, насилство во северна Африка и на Блискиот исток, тероризам, хакерски напади и на се поголем број балистички ракети.

Секретарот нагласи дека НАТО на овие предизвици одговара со „најинтензивно зајакнување на одбрана уште од периодот на Студената војна“, јавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата