Столтенберг: НАТО е клучна за Европа и северна Америка

Од:

НАТО е од клучно значење за Европа и северна Америка, особено денес, во време на сериозни предизвици, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на 28 земји членки, каде првпат ќе присуствува и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

– Нашиот трансатлантски сојуз е цврст како карпа веќе речиси 70 години. Тој е клучен за Европа и северна Америка, особено денес, во ова време на сериозни предизвици, нагласи Столтенберг.

Целта на денешниот состанок е да се подготви самитот на НАТО, што е планиран за 25 мај во Брисел, каде на дневен ред ќе бидат поделбата на трошоците за одбрана и борбата против тероризмот.

– Потребна е правилна распределба на трошоците со цел нашиот трансатлантски сојуз да се одржи цврст. Почнавме да го зголемуваме издвојувањето за одбрана, но мораме да го задржиме интензитетот и да ги исполниме ветувањата што ги дадовме, истакна Столтенберг.

За време на ручекот, шефовите на дипломатијата ќе разговараат за односите со Русија, а во тој дел на состанокот ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Шведска и Финска, земји што не се членки на НАТО, но се заинтересирани за тесна соработка со Алијансата поради руските закани.

Денешната средба ќе заврши со состанокот со украинскиот министер за надворешни работи Павел Климкин во рамките на Комисијата НАТО-Украина.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата