Столтенберг: Мора да ги почитуваме одлуките на Србија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека одлуките на Србија и контактите со Русија мораат да се почитуваат, бидејќи тоа е избор на независна земја и нејзиниот народ.

– Искрено верувам дека мораме да ги почитуваме независните одлуки на Србија. Таа е независна држава која сама донесува одлуки и јас тоа го почитувам. Покрај тоа ги почитувам нејзините контакти со Русија, бидејќи тоа е независен избор, на независниот српски народ и секако ги поздравувам блиските односи меѓу Србија и ЕУ, истакна Столтенберг.

Тој ја поздрави можноста Србија и НАТО да ја прошират и развијат соработката, врз основа на ИПАП договорот, кој претставува рамка за натамошна соработка.

– Мислам дека тоа покажува дека овој регион се движи во добар правец, бидејќи сега имаме се понормална, попријателска и поконструктивна соработка со Србија, оцени генералниот секретар на Алијансата.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата