Столтенберг: Меѓународната заедница треба да одговори на труењето на Навални

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се обрати пред новинарите по денешната средба на Северноатлантскиот совет во Брисел и порача дека Русија должи убедливи одговори околу обидот за убиство врз опозиционерот Алексеј Навални.

Амбасадорите на 30-те земји членки на Алијансата денеска одржаа состанок посветен главно на труењето на Навални. Германскиот амбасадор ги брифирал своите колеги за наодите на германските лекари под чија нега се наоѓа Навални откако беше отруен во авион.

-Имаме докази без сомнеж дека Навални бил отриен со воен нервен агенс од групата Новичок, рече Столтенберг пред медиумите попладнево. Употребата на ова оружје е ужасна. Секоја употреба на хемиско оружје покажува тотално непочитување кон човечкиот живот и е неприфатливо прекршување на меѓународните норми и правила, додаде шефот на Алијансата.

НАТО сега очекува целосна соработка од руските власти во непристрасна и меѓународна истрага за овој случај и бара од Русија целосно да ја обелодени својата програма за Новичок пред меѓународната организација за спречување на употреба хемиско оружје.

-Повторно и повторно гледаме опозициски лидери на рускиот режим нападнати, нивните живот загрозени. Некои од нив се убиени. Ова не е напад врз една индивидуа туку врз основните демократски права и ова е сериозно прекршување на меѓународното права и бара меѓународен одговор, додаде Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски