Столтенберг ќе остане шеф на НАТО, земјите членки не можат да се договорат кој да го наследи

Од:

Се очекува да биде побарано од Јенс Столтенберг да остане на функцијата генерален секретар на НАТО уште една година, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори, бидејќи воената алијанса не успева да се договори за неговиот наследник пред самитот во средината на јули во Литванија. Столтенберг, Норвежанецот кој помина девет години на функцијата и треба да се повлече на крајот на септември, има широка поддршка во алијансата и продолжува да биде ефективен лидер, изјави изворот за Ројтерс под услов да остане анонимен.

„Администрацијата (на Бајден) размислува Столтенберг да остане уште една година“, вели американски функционер, кој исто така сакал да остане анонимен. „Се чини дека во моментов не постои консензус во алијансата за негова замена.

Изгледите од Столтенберг да биде побарано да го продолжи својот мандат по четврти пат се зголемија како што се приближува самитот во Вилнус, а сојузниците стравуваат од прикажување на неединство додека НАТО продолжува да реагира на руската војна во Украина.

Кој и да е во таа улога се соочува со двојниот предизвик да ги задржи сојузниците заедно за поддршка на Украина, додека се чува од каква било ескалација што би го вовлече НАТО директно во војна со Русија. Британскиот министер за одбрана Бен Валас минатата недела изјави дека би ја сакал работата.

Додека некои влади се залагаат за прва жена генерален секретар на НАТО, данската премиерка Мете Фредериксен се појавува како сериозен кандидат.

Фредериксен се состана со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон претходно овој месец, пред Столтенберг да ја посети Белата куќа оваа недела на разговори со Бајден.

Американските власти веруваат дека има голем број различни кандидати и дека Бајден има високо мислење за сите нив, вклучително и за данскиот премиер, рече изворот. Бајден верува дека Столтенберг направил огромна работа во време на украинскиот предизвик, став што го делат многу други сојузници, додаде изворот.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели