Столтенберг: Глупост се изјавите на Путин дека украинската армија е „легија на НАТО“

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги оцени како „глупост“ изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека украинската армија е „Легија на НАТО“. Странските сили во Украина се руски, тоа е проблемот, нагласи Столтенберг.

Ја повикуваме Русија итно да прекине со поддршка на украинските сепаратисти, да ги почитува меѓународните обврски и да престане со дестабилизација на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, додавајќи дека Русија продолжува со поддршка, вооружување и обука на сепаратистите.

– Го осудуваме продлабочувањето на насилствата, предизвикано од поддржаните од Русија сепаратисти, што има голема цена, платена од цивили, нагласи Столтенберг, пред денешната вонредна седница на Комисијата НАТО-Украина на барање на Киев.

НАТО се залага за целосна независност и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници, изјави Столтенберг, додавајќи дека Алијансата е дел од меѓународните напори за стабилизирање на Украина.

Според Столтенберг нема воено решение на конфликтот и треба да се бара мирно решение.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата