Столтенберг: Џихадистите-повратници се опасност за Косово

Од:

Џихадистите што војуваат во Сирија и Ирак по враќањето дома може да претставуваат опасност за безбедноста на Косово, предупреди денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во посета на Приштина.

– Враќањето на тие борци претставува опасност и за сите нас, за државите во регионот, но исто така и за сите земји во Европа, изјави Столтенберг на прес-конференција во Прштина по средбата со претставниците на косовските власти.

Тој апелираше на соработка, бидејќи, како што рече, потребно е „заеднички да се бориме против тероризмот“.

Косовската полиција во текот на август и септември уапси 55 лица под обвинение за поврзаност со џихадистите, за пропагирање на радикалниот ислам и за регрутирање доброволци за учество во „света војна“ во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата