Столтенберг: Русија се обиде да го спречи влезот во НАТО на Црна Гора и Македонија, вратите на НАТО се отворени

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата ќе продолжи со силната поддршка за Украина бидејќи ако се дозволи да победи Русија цел свет со години ќе плаќа висока цена.

– Ако Путин и други авторитарни лидери видат дека силата се исплати, повторно ќе ја користат за остварување на своите цели. Тоа ќе не направи сите поранливи и затоа е во наш безбедносен интерес да ја поддржиме Украина. Нема да има траен мир ако победи агресорот, ако репресијата и автократијата надвладеат над слободата и демократијата, посочи Столтенберг.

Тој одговарајќи на прашање за влез на Украина во НАТО, посочи дека вратата на Алијансата е „отворена и оти Русија нема право на вето за проширувањето на НАТО“.

– Русија се обиде да го спречи влезот во НАТО на Црна Гора и Северна Македонија, а потоа и Финска и Шведска. Вратите на НАТО се отворени, тоа важи и за Украина. Кога станува збор за Украина, треба да се работи со политичките лидери за практичната соработка. Сега фокусот е на давање поддршка на Украина и Путин да не победи, истакна Столтенберг.

Тој најави дека министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на претстојниот Самит во Букурешт ќе разговараат за начините за зајакнување на отпорноста на земјите-членки и предизвиците што ги предизвикуваат активностите на Кина.

– Кина не е непријател, но гледаме дека сè повеќе ги модернизира своите воени системи и дека го зголемува своето присуство од Арктикот до Западен Балкан, од Вселената до кибер просторот и дека се стреми да ја контролира важната инфраструктура на НАТО. Исто така, гледаме дека Русија и Кина соработуваат сè поблиску, наведе Столтенберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО ја поздрави одлуката на Берлин да дозволи испораки на тенкови за Украина

А1он

Шолц: Германија секогаш ќе ја поддржува Украина, но НАТО не смее да влезе во конфликтот

А1он

„Анкара може да се повлече од НАТО за пет до шест месеци“: Турската патриотска партија започна кампања за повлекување од алијансата

А1он

Столтенберг поддржува трошоците за одбраната да бидат над два отсто од БДП

А1он

Турција го одложи состанокот со Шведска и Финска

Ана Ололовска

Столтенберг: Ќе најдеме решение за испорака на тенкови во Украина

А1он