Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не е прашање дали, туку кога Украина ќе стане членка на Алијансата.

„Москва мора да разбере дека нема да ги постигне своите цели на бојното поле“, рече Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и најави дека на состанокот ќе се разговара за тоа како НАТО може да преземе поголема одговорност за координирање на испораката на оружје за Украина.

„Го трансформираме сеопфатниот пакет за помош на НАТО во повеќегодишна програма за помош“, рече Столтенберг, додавајќи дека на 4 април, на 75-годишнината од формирањето на НАТО, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Украина.

Столтенберг ги поздрави членките на алијансата кои доставуваат помош за Украина, но исто така предупреди дека на Европа и се заканува војна „во размери за кои мислевме дека останале во историјата“ и дека Украина има итни потреби, чие одложување создава „последици врз бојното поле токму додека зборуваме“.

Состанокот на министри ќе го подготви теренот за постигнување консензус за овие проблеми на самитот во Вашингтон во јули, рече Столтенберг и посочи дека годинава рекорден број земји-членки ќе ги достигнат издвојувањата за сојузот од два отсто од БДП.

Тој посочи дека азиските земји со симпатии кон Русија се клучни за „продолжувањето на војната“.

“Кина ја зајакнува руската воена економија. За возврат, Москва ја става под хипотека својата иднина на Пекинг. Северна Кореја и Иран обезбедуваат значителни количини оружје и муниција. За возврат, Пјонгјанг и Техеран добиваат руска технологија и залихи кои им помагаат да ја подобрат својата ракета истомислениците мора да работат заедно бидејќи, како што изјави Столтенберг, сите тие имаат многу да добијат од практичната соработка на полето на технологијата, сајбер и хибридните закани, но и затоа што нивната соработка е важна за Украина и за европските и Индо-пацифичка безбедност“.

Тој додаде дека НАТО е основан врз една единствена претпоставка, а тоа е дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите членки.

„На тој темел го изградивме најмоќниот и најуспешен сојуз во историјата, а во изминатите 75 години отворените врати на НАТО помогнаа да се шири демократијата и просперитетот низ Европа“, рече Столтенберг.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО ќе се состанат денеска и четврток во Брисел пред 75-годишнината од таа алијанса за да разговараат за преземање на координацијата за испорака на оружје за Украина, која во моментов ја предводат САД.

Се очекува на состанокот на министрите да се разговара за предлогот на Столтенберг за петгодишен пакет воена помош за Украина во вредност од 100 милијарди евра, со кој НАТО ќе преземе некои координативни обврски од т.н. Рамштајн групацијата предводена од САД.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО даде дозвола: На Украинците ќе им биде дозволено да стрелаат во Русија со авиони Ф-16

Предраг Петровиќ

Столтенберг: Русите нема да успеат, Путин изгуби засекогаш

Шефот на НАТО предупредува: Се зголемуваат тензиите во Западен Балкан

Столтенберг: Го поздравувам договорот помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложници

А1он

Столтенберг: Украина има право на самоодбрана, ние и помагаме да се придржува до тоа право

Столтенберг: Украина заслужува место во НАТО

Катерина Ѓуровски