Стигна одговор од Москва за предизвикот на Илон Маск: Тоа би било само губење време

Од:

Дмитриј Рогозин, шеф на руската државна корпорација за вселенски активности Роскосмос, се огласи на својот Твитер профил како одговор на предизвикот на Маск до рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно денеска директорот на СпејсЕкс и Тесла го повика рускиот претседател да се бори „еден на еден“ за Украина.

Шефот на Роскосомос, наскоро како одговор на Маск, го цитираше рускиот поет Александар Пушкин, цитирајќи стих од неговото дело: „Приказната за папата и неговиот работник Балди“.

„Ти, ѓаволу, сè уште си млад,
Натпреварувај се со мене слабиот;
Тоа би било губење време.
Победи го првин мојот брат“.

Сопственикот на СпејсЕкс и Тесла, Илон Маск, испрати предизвик до рускиот претседател Владимир Путин за меѓусебна пресметка.

Твитот брзо беше критикуван од многумина и оценет како несмасен и исмејување на несреќата на целата земја со привлекување вниманиа а со употреба на ексцентрични пораки.

 

Би можело да ве интересира

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“