Стејт департмент: Ништо не укажува на тоа дека положбата на жената во Иран ќе се подобри

Од:

САД вчера соопштија дека не гледаат знаци што укажуваат дека ситуацијата на жените во Иран ќе се подобри по ненадејната одлука за укинување на полицијата за морал.

-За жал, нема индиции дека иранските лидери подобро ќе се однесуваат со жените и девојките или ќе престанат да користат сила против мирните демонстранти, изјави портпаролот на Стејт департментот, одбивајќи да ги „коментира двосмислените и нејасни изјави“ на иранските власти.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен оцени дека останува да се види дали режимот ќе ги „земи предвид“ аспирациите на иранскиот народ изразени на протестите.

-Обидите за репресија, употребата на сила, апсењето луѓе… не се знак на сила, туку на слабост, рече државниот секретар на маргините на трговските преговори со Европската унија во Вашингтон.

Веста за укинувањето на полицијата за морал, што викендов ја објави иранскиот јавен обвинител, се смета за чин на добра волја кон демонстрантите, но некои ирански активисти за човекови права се сомневаат во нејзината вистинитост.

Дополнително, оценуваат дека укинувањето на оваа полиција нема да влијае на обврската за носење хиџаб, што е на сила од 1983 година.

Иран е потресен од протести какви што не се видени од Исламската револуција во 1979 година, а се предизвикани од смртта на младата иранска Курдка, Махса Амини, на 16 септември, откако таа беше уапсена од моралната полиција.

Економско-социјалниот совет на ОН следната недела треба да гласа за исфрлање на Иран од Комитетот за правата на жените на ОН.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, вчера го обвини Вашингтон дека го турка Иран кон излез „со помош на некои европски земји, што е незаконски обид со политичка цел“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Млад пар во Иран објави видео како танцуваат на улица, судот ги осуди на 21 година затвор

А1он

Тајната војна против Иран – проектили, дронови и тајни операции на Револуционерната гарда

Блинкен: Сите опции се на маса да се спречи Иран да добие нуклеарно оружје

А1он

Најмалку 527 убиени во Иран од почетокот на протестите

Ана Ололовска

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска

ВИДЕО: Беспилотни летала нападнаа воен комплекс во Иран

Ана Ололовска