Стармер: Путин продолжува со немилосрдните напади и мешање низ Европа

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер предупреди дека руските акции ја покажуваат „желбата“ на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со „немилосрдните“ напади врз Украина и разни форми на мешање низ Европа.

Стармер зборуваше додека го отвораше панелот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), на кој тој претседава, а на кој присуствуваа и молдавската претседателка Маја Санду, полскиот премиер Доналд Туск и францускиот претседател Емануел Макрон.

– Во последните недели видовме „апетит“ што го има Путин, не само да ја нападне Украина, туку да преземе акција и да се меша низ Европа, на многу различни начини, без разлика дали станува збор за нашиот воздушен простор, без разлика дали станува збор за сајбер напади или други напади, рече Стармер.

Стармер додаде дека акциите на Русија се немилосрдни и се потсетник дека „ова не е само прашање на украинскиот суверенитет, туку прашање на вредностите и слободите на сите нас, особено во Европа“.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша закон – кога ќе реши ќе го исклучи интернетот во Русија

А1он

Тројца загинати во хеликоптерска несреќа во Русија

А1он

Песков: Нема потврда дека ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Путин: Ако Европа сака да војува, Русија е веднаш подготвена