Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Од:

Руските системи за воздушна одбрана соборија 250 беспилотни летала што се приближуваа кон Москва за два дена, изјави денес градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Силите за воздушна одбрана уништија околу 250 непријателски беспилотни летала директно при приближувањето… и на втората линија во правец на Москва“, напиша тој на платформата MAX.

Аеродромот Внуково воведе ограничувања за пристигнување и заминување на авиони, а аеродромите Домодедово, Жуковски и Шереметјево прифаќаат и испраќаат летови со одобрение од надлежните органи, објави РИА Новости.

Како одговор на нападите на украинските вооружени сили врз цивилната инфраструктура, руските трупи напаѓаат исклучиво воени објекти и претпријатија од украинскиот воено-индустриски комплекс со прецизно водено оружје од воздух, море и копно, како и беспилотни летала, објави руската агенција.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев