Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Од:

Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-от пакет санкции на Европската Унија против Русија сè додека Украина не го продолжи транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави Ѓерѓељ Гуљаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Украина ќе добие заем, а нашата земја ќе го прифати пакетот санкции ако Украина го гарантира работењето на нафтоводот. Ова е компромис на Унгарија“, изјави тој за новинарите по седницата на унгарската влада, пренесува „Маџар Немзет“.

Гуљаш додаде дека премиерот Орбан ќе ја брани оваа позиција на самитот на ЕУ што ќе се одржи во Брисел од 19 до 20 март.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД