Старџен: Следната година нов референдум за независност на Шкотска

Од:

Шкотската премиерка Никола Старџен повикува следната година да се организира нов референдум за независност на земјата од Обединетото кралство, соошпти „Тајмс“.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), која се залага за независност на Шкотска, рече дека претпоставува дека гласањето ќе се одржи во „најраниот период“ од новиот мандат на шкотскиот Парламент, што почнува следната година, пренесуваат британските медиуми.

-Шкотска треба да има шанса да избере дали ќе стане независна порано отколку подоцна, рече таа за телевизијата „ITV Border“.

На референдумот во 2014 година 55 проценти од Шкотланѓаните гласаа против независноста, но Брегзит и начинот на кој британската Влада управува со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, доведоа до се посилна поддршка на идејата за независност на Шкотска, покажува последната анкета.

Шкотските парламентарни избори ќе се одржаат во мај и се очекува владеачката СНП да постигне добар изборен резултат.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска