Старџен: Шкотските болници се речиси полни

Од:

Болниците во Шкотска се „речиси целосно полни“, со пополнетост на кревети над 95 отсто минатата недела, соопшти шкотската премиерка Никола Старџен и нагласи дека службите се соочуваат со притисоци „без преседан“.

Потребата за болнички кревети е зголемена од „вонредните“ нивоа на зимски грип, зголемените стапки на инфекции со Ковид-19 и случаите на стрептокока А.

Старџен рече дека треба да се направи повеќе за да се спречи непотребното присуство во болница и да се забрза отпуштањето.

На посебен брифинг во шкотската влада, таа нагласи дека ова е „речиси сигурно најтешката зима досега за националната здравствена служба (НХС)“.

Според Старџен, пандемијата му нанела „значаен шок на системот“ и тоа, заедно со „вонредни нивоа на други болести“, создава невиден притисок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски