Старџен: Добивме мандат за референдум за независност на Шкотска

Од:

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска му порача на британскиот премиер Борис Џонсон да се фокусира на реалноста и да признае дека Шкотската национална партија (СНП) добила мандат за втор референдум за независност.

СНП освои 48 од 59 шкотски места во британскиот парламент на неодамнешните предвремени избори, што ја поттикна Старџен да ги интензивира барањата за одржување втор референдум за независност.

Џонсон вчера, во телефонски разговор и порача на шкотската лидерка дека нема да има нов рефердендум за независност на Шкотска. Тој истакна дека мора да се почитува резултатот од претходното изјаснување на граѓаните во 2014 година.

– Цврсто му реков дека имам мандат да им понудам на луѓето избор. Тој повтори дека се противи, појасни Старџен.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски