Стапи во сила петчасовното хуманитарно примирје во Појасот Газа

Од:

Петчасовното хуманитарно примирје во Појасот Газа, објавено од Израел стапи во сила.

Израел одлучи да го прекине огнот од 10 до 15 часот по локално време (од 7 до 12 според Гринич), за да можат Обединетите нации да достава хуманитарна помош за регионот, а жителите да бидат снабдени со елементарни продукти.

Според локален извор неколку десетици руски граѓани со постојано живеалиште во палестинската област ќе се обидат во меѓувреме да ја напуштат зоната и да заминат за Египет.

Примирјето е едностран чекор на Израел, преземен по барање на специјалниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, Роберт Сери.

– Доколку за време на примирјето палестинското движење Хамас стрела кон Израел со ракети, воените власт ќе одговорат со примена на сила, нагласи прес-службата на израелската армија.

Тројца Палестинци беа убиени од истрели од тенк во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа пред да стапи во сила петчасовното примирје. Други четири лица беа тешко ранети во напад врз куќа во Рафах.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно