Стапи во сила делумно примирје меѓу САД и талибанците

Од:

На полноќ во Авганистан стапи во сила делумно примирје меѓу САД и талибанците, кое ќе отвори пат за повлекување на американските војници и постигнување договор, кој, како што најави американскиот државен секретар Мајк Помпео, ќе биде потпишан на 29 февруари во Доха.

Во текот на седумдневниот период на „намалување на насилството“ нема да се извршуваат големи офанзиви.

Договорот за намалување на насилството е резултат на преговорите кои САД и талибанците ги водеа повеќе од една година, а во кои не учествуваа претставници на авганистанската Влада.

Талибански претставници соопштија дека пред потпишувањето на договорот во Доха ќе биде создадена „поволна безбедносна ситуација“ и изразија надеж дека документот ќе биде темел за воспоставување мир во земјата и повлекување на странските војски.

Помпео истакна дека мировниот договор на крајот ќе доведе до траен прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка