Средбата меѓу Трамп и претставници на „Њујорк тајмс“ сепак ќе се одржи

Од:

Средбата меѓу новоизбраниот американски апретседател Доналд Трамп и претставници на весникот „Њујорк тајмс“ ќе се одржи, потврдија доцна попладневно претставници на двете страни.

– Штабот на господинот Трамп ни соопшти дека средбата меѓу новоизбраниот претседател и „Њујорк тајмс“ е повторно на дневен ред, изјави портпаролка на весникот, без да открие повеќе детали зошто се смениле плановите.

Новоизбраниот американски претседател претходно денеска ги откажа разговорите

На Твитер Трамп напиша дека ја откажал средбата, откако „условите за неа биле променети во последен момент“.

За време на кампањата и по неа, тој упати голем број критики на сметка на весникот.

Трамп додаде дека „веројатно ќе биде договорена нова средба“ со „Њујорк тајмс“.

– Во меѓувреме, тие продолжуваат да известуваат неточно и со негативен тон, наведе Трамп, кој вчера имаше средба со претставници на три големи телевизии.

„Њујорк тајмс“ денеска предупреди на раширениот бизнис на корпорацијата на Трамп низ светот и за, како што вели, „очевидниот широк судир на интереси“ што ќе се случи кога тој ќе стапи на функцијата претседател на САД.

Според Си-Ен-Ен, написите на весникот се причина за „отворената расправија“ на Трамп со „Њујорк тајмс“ и за неговата одлука да ја откаже средбата со менаџментот и уредниците на весникот.

Трамп на Твитер ја обвини редакцијата дека наводно го поместила терминот за состанокот, на што весникот реагираше со соопштение во кое се тврди дека за откажувањето на средбата дознале од Твитер.

Трамп и две недели по изборот не одржа прес-конференција, ниту средба со уредниците на водечките американски медиуми, што се нема случено уште од 1976 година и изборот на Џими Картер за претседател на САД.

Медиумите во Њујорк откриваат дека Трамп синоќа повикал истакнати водители на трите големи телевизиски компании – Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и Ен-Би-Си, само за да ги брифира, но сега се тврди дека наместо тоа, Трамп се нафрлил врз новинарите и новинарството, обвинувајќи ги дека се „нечесни и лажговци“, како и дека кон него се однесуваат „некоректно“.

Неговиот портпарол подоцна изјави дека разговорот со телевизиските водители минал „срдечно“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски