Средба Путин – Ердоган в четврток во Астана

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин в четврток во Астана ќе има средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган за да разговара за ситуацијата во Украина и билатералните односи, соопшти денеска Кремљ.

Состанокот ќе се одржи во главниот град на Казахстан, на маргините на регионалниот самит во Астана, додаде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков претходно изјави дека е „можно“ двајцата лидери да разговараат за предлогот на Турција за разговори меѓу Русија и Западот на тема мир во Украина.

Портпаролот на Кремљ исто така вели дека американското ветување за испраќање современи системи за ПВО во Украина само значи дека конфликтот ќе се пролонгира и ќе и се нанесе поголема штета на Украина.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина